Митцубиши заинтересиран да инвестира во македонското земјоделство

Bez autora
Nov 14 2012

Јапонската корпорација Митцубиши пројави голем интерес за вложување во земјоделскиот сектор во Македонија, а вниманието е насочено кон млечната индустрија, преработувачката индустрија и откупно дистрибутивните центри. За таа цел претставници на јапонската компанија во средата ја посетија Македонија со цел одблизу се запознаат со условите за инвестирање во млечната индустрија, откупно дистрибутивните центри, како и во преработувачката индустрија, во сушење на земјоделски производи, сечење и брзо замрзнување на истите. Како што соопшти министерството за земјоделство, во посета на македонија престојуваат Генералниот менаџер на Корпорацијата Митцубиши - Јапонија, Хирохару Окамото, задолжен за Европа, Африка и Средниот Исток, кои остварија средба со ресорниот министер, Љупчо Димовски. Притоа Димовски истакнал дека Македонија е солиден произведувач на земјоделски производи и дека бележи континуиран пораст на производството и извозот на земјоделски производи.

Митцубиши заинтересиран да инвестира во македонското земјоделствоЈапонската корпорација Митцубиши пројави голем интерес за вложување во земјоделскиот сектор во Македонија, а вниманието е насочено кон млечната индустрија, преработувачката индустрија и откупно дистрибутивните центри.

За таа цел претставници на јапонската компанија во средата ја посетија Македонија со цел одблизу се запознаат со условите за инвестирање во млечната индустрија, откупно дистрибутивните центри, како и во преработувачката индустрија, во сушење на земјоделски производи, сечење и брзо замрзнување на истите.

Како што соопшти министерството за земјоделство, во посета на македонија престојуваат Генералниот менаџер на Корпорацијата Митцубиши - Јапонија, Хирохару Окамото, задолжен за Европа, Африка и Средниот Исток, кои остварија средба со ресорниот министер, Љупчо Димовски.

Притоа Димовски истакнал дека Македонија е солиден произведувач на земјоделски производи и дека бележи континуиран пораст на производството и извозот на земјоделски производи.

Поради поволните климатски и почвени услови, истакна Димовски, во Македонија за разлика од другите земји во регионот се произведуваат раноградинарски производи кои се препознатливи и на Европските пазари, а тоа пред се се должи на строгата фитосанитарна контрола и на употребата на современи агротехнолошки мерки. Исто така нашата земја е голем произведувач и на јаболка, праски, кајсии и цреши, производи кои во најголем дел се извезуваат на пазарите на ЕУ, а во последните неколку години и на Рускиот пазар.

„Во последните години активно работиме и на подигнување на преработувачкиот сектор кој претставува катализатор за  вишокот на земјоделски производи, а исто така и на отварањето на нови откупно дистрибутивни центри, кои се потребни кај нас, затоа што во Македонија земјоделските стопанства во просек се мали и немаат доволни количина за сами да излезат на пазарот. Затоа ние како Влада и министерство каниме компании кои би отвориле откупно дистрибутивни центри, а тоа е добро и за самите фармери бидејки ќе можат да го договорат и да го продадат своето производство“, истакна Димовски.

Корпорацијата Митцубиши претставува глобално интегрирана бизнис компанија што развива и работи бизниси во речиси секоја индустрија, вклучувајќи индустриски финансии, енергија, метали, машини, хемикалии, храна и бизниси кои вклучуваат заштита на животната средина.

Со повеќе од 200 канцеларии и филијали во околу 90 земји во светот и мрежа од над 500 компании од групата, Корпорацијата Митцубиши вработува мултинационална работна сила од околу 60.000 луѓе.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik